Ласерски Принтери

Ласерската технологија се повеќе зема замав во индустриското маркирање со висококвалитетен испис, со висока резолуција за големи брзини, без употреба на било каков потрошен материјал. Во зависност од материјалот, и брзината на маркирање на располагање се повеќе типови на ласери, CO2, Fiber и UV, со различна јачина (W) и бранова должина.

Videojet 3020 (Low cost entry level laser)


10W CO2 ласер за базично маркирање за брзини до 60м/минута за чисти средини. Представува алтернатива за инк-џет маркирањето. Лесно и едноставно конфигурирање на целиот систем. 

 

Videojet 3140/3340/3430


10/30/50W CO2 ласери за широк дијапазон на индустрии за маркирање до брзини од 900м/мин, со повеќе бранови должини, степен на заштита до IP68, со голем број на додатоци и конфигурации. Имаат широка примена во тутунската индустрија, фармација, пијалоци и прехрана.

       

Videojet 7210/7510/7610


10/20/50/100W Fiber ласери за широк дијапазон на индустрии за маркирање на производи со уште поголема јачина на брзини до 600м/мин. Маркирањето е особено погодно за робусни материјали како стакло, разни видови на метали и тврда пластика. 

 

Videojet 7810 UV


2W UV ласер за специјални материјали како Tyveк, HDPE/LDPE и одредени типови на фолии. Брзина на маркирање до 250 производи во минута.